Наместо во голови, стрелал во луѓе: Фудбалер уапсен, бил терорист на озлогласениот ИСИС

Во фудбалот повеќе не може ништо да не изненади, па ниту постоењето на фудбалери-терористи. Во Ирак е уапсен фудбалер во акција против озлогласената терористичка организација ИСИС, чиј член бил, а играл како напаѓач во локалниот клуб Карбат од Ербил.

Хасан бил единствениот арапски фудбалер во клубот, а тој има уште тројца браќа кои исто така биле дел од терористичката организација, а двајца од нив загинале во борбите за Мосул.

Во ирачкиот дел на Курдистан, имало акција за разбивање на терористичка ќелија на ИСИС, а еден од уапсените е фудбалерот Фирас Хасан, кој во клубот Карбат дошол уште пред 11 години, во 2010 година.

Фудбалерот-терорист пред четири недели се јавил во клубот дека е повреден и тоа е последниот контакт и оттогаш не се појавувал во клубот, а најверојатно се подготвувал за бомбашки напад во Ербил.

Разузнавачките податоци доставиле докази за можни терористички напади, па регионалниот безбедносен совет одобрил рација за да се разбие оваа група и фудбалерот е фатен на лице место со уште неколкумина.

Се вчитува...