Најновото засилување на Панатинаикос, Кендрик Нан се очекува да патува со грчкиот тим во Германија за престојниот натпревар од Евролигата во кој „зелените“ се среќаваат со Алба во петок.
Тоа воедно ќе биде и деби на европската сцена за Американецот кој целата своја кариера ја помина во НБА лигата настапувајќи за Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс.
Покрај Нан, во составот за средбата со берлинскиот тим се очекува да се врати и Лука Вилдоза.
Панатинаикос во сезоната 2023/24 започна нова ера со турскиот стратег Ергин Атаман на клупата и целосен нов ростер, но по шест одиграни натпревари има скор од само две победи и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА