Панатинаикос не се прослави на почетокот на новата ера под водство на турскиот стратег Ергин Атаман, но очекувањата се дека грчкиот великан наскоро се наметне доминација, поготово по ангажманот на новото засилување, Американецот со богато НБА искуство, Кендрик Нан.
Поранешниот кошаркар на Мајами, Лејкерс и Вашингтон беше желба и на големиот ривал Олимпијакос, но на крајот се одлучи за „зелената“ страна на Атина. Говорејќи за официјалниот сајт на грчкиот евролигаш изјави дека неговите и целите на новиот клуб перфектно се поклопуваат.
„Многу се радувам за новата страна во мојата кариера. Доаѓам во одличен клуб, одлична држава и прекрасен град Атина. Панатинаикос е клуб со победнички менталитет и едвај чекам да заиграм со новите соиграчи. Кога говорев со тренерот веднаш почувствував позитивни вибрации. Тренерот сака брза кошарка и силна одбрана. Тоа е мојот стил на игра и мислам дека перфектно ќе се вклопам. Панатинаикос има највисоки цели исто како и јас“, изјави Нан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА