Нандо Де Коло ја предводеше ЦСКА Москва до победата над Басконија од 92-83 со која рускиот тим по 17-ти пат ќе игра на Ф4 турнирот во елитното натпреварување. Тој постигна 27 поени (8/11 за два и 3/5 за три) и имаше индекс на корисност 35 и со тоа го понесе признанието за најкорисен играч на оваа рунда од разигрувањето во Евролигата.
Иднтичен индекс, 35 имаше и Брендон Дејвис, но тој се најде зад Де Коло поради поразот на неговиот Жалгирис од Фенербахче.
Покрај ЦСКА Москва, и Реал Мадрид и Фенербахче веќе обезбедија пласман на завршниот турнир на четирите најдобри екипи. Последниот патник ќе биде познат по петтиот дуел во четвртфиналанта серија меѓу Барселона и Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА