Нанeли од Партизан го удрил Лазаревиќ од Звезда и му нанел повреди (ФОТО)

Пред вечерашната пресметка помеѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА лигата која може да биде и решавачка доколку победи Црвена Звезда, и така ќе го освои трофејот, српските медиуми носат шокантни вести за настан кој се случил за време на еден тренинг.

Кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанeли наводно го удрил со бокс во главата Стефан Лазаревиќ, кошаркарот на Црвена Звезда во ходникот пред соблекувалната во Белградската Арена.

„Во текот на смена на тренинг, играчите се разминале, а во размена на зборови, Лазаревиќ го прашал Нанeли зошто го давел на претходниот меч, а Американецот го нападнал и го удрил по глава“, пишува „Меридијан спорт“, и притоа се додава дека Лазаревиќ заработил тешка повреда.

Се огласи и тимот на Црвена Звезда кој го потврди инцидентот.

„Црвена звезда ја известува јавноста дека во неделата наутро нашиот првотимец Стефан Лазаревиќ се здоби со повреди кои се карактеризираат како „тешки физички повреди“ по физички напад на играчот на КК Партизан Џејмс Нанали.“, стои во соопштението и објави фотографија како изгледа лицето на својот кошаркар.

Се вчитува...