Кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанали на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) го поддржа српскиот репрезентативец од редовите на Барслеона, Никола Калиниќ кој вчера упати остри критики кон судијата Роберт Лотермосер.
Србинот веднаш по натпреварот против Валенсија го обвини германскиот судија за непрофесионализам за што најверојатно ќе добие и остра казна.
„Мислам дека е потполно непримерно судијата да ми се обрати со зборовите дека нема да свири прекршоци кои ги прават играчите на другиот тим над мене доколку продолжам да разговарам со него и се жалам на одлуките кои ги носи. Сметам дека играчите се ѕвездите на сите натпревари. Ако и останатите судии размислуваат на ваков начин тогаш нашата игра е во голем проблем“, изјави Калиниќ.
Американецот на Партизан го сподели постот на „Еврохупс“ со напис: „Мило ми е што прозборе. Овие судии немаат почит“.
😮 Valencia maçının ardından Nikola Kalinic:
“Robert Lottermoser maç esnasında bana gelip ‘benimle konuşursan sana yapılan faulleri çalmam’ dedi. Bir hakemin gelip böyle bir şey söylemesi gerçekten inanılır gibi değil!” pic.twitter.com/XSvjo4Iten
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) March 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА