Американскиот кошаркар Џејмс Нанели би можел повторно да игра во исти тим со неговиот поранешен соиграч од Партизан, Зек Ледеј, но и со најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ. Партизан остана без речиси целиот тим, па ќе мора да доведе многу нови играчи.
Некои веќе потпишаа договори со нови тимови како Кевин Пантер или Зек Ледеј, а некои се уште преговараат а еден од тие играчи е Џејмс Нанели.
Според италијанските медиуми, Нанели е во преговори со Олимпија Милано и доколку преговорите одат позитивно, Нанели повторно ќе му биде соиграч на Ледеј исто како и во Партизан. Се споменува и трансферот на Џејмс Нанели во Виртус Болоња, а се пишува и дека за поранешниот стрелец на Партизан е заинтересиран Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА