И понатаму продолжува сагата и неизвесноста за иднината на Кристијано Роналдо. Португалецот се уште ги нема започнато подготовките со Јунајтед за новата сезона, а и прашање е дали тоа ќе го направи со оглед на тоа дека сака да игра во клуб кој ќе настапува во ЛШ.
Португалецот е отсутен од турнејата на клубот поради семејни причини, меѓутоа во целиот овој период има разни информации за тоа кој би бил следниот негов потег, а веќе се споемнуваат клубовите во кои би можел да се пресели, меѓутоа засега ова се само шпекулации кои немаат никаква потврда.
Луис Нани многу добро го познава Кристијано, но во моментов и тој не може да оствари контакт со ѕвездата на Јунајтед.
„Кога е на одмор не му одговара на никого на телефон. Се обидов да стапам во контакт со него, ама ми кажа: Зафатен сум сега, ќе зборуваме наскоро … Се надевам ќе остане во јунајтед. Тој е важен играч, играч кој секогаш прави разлика. Се надевам е во добро расположение да му помогне на клубот, па се надевам ќе остане“, порача новиот член на Мелбурн Виктори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

