Легендарниот португалски фудбалер Нани е подготвен да му се врати на фудбалот, откако потпиша договор со нов клуб иако во декември 2024 година објави дека ја завршува кариерата.
Следна дестинација на 39-годишниот Португалецот е казахстанскиот прволигаш Актобе, со кого Нани денеска потпиша договор до крајот на сезонава. Неофицијално, тој ќе стане најплатен фудбалер во историјата на казахстанскиот фудбал со плата од 70.000 евра месечно, но и богат бонус за самиот потпис на договорот.
„Среќен сум што потпишав за Актобе и се надевам дека ќе дадам свој придонес за развојот на клубот, но и за целокупниот фудбал во Казахстан“, изјави Нани по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

