Нани се пресели во МЛС, ќе игра за Орландо Сити

Поранешниот португалски репрезентативец и играч на Манчестер Јунaјтед, Луис Нани, влезе во редот европски фудбалери кои настапуваат во американската МЛС. Тој потпиша договор со Орландо Сити и го напушта Спортинг Лисабон.

„Имам измешани чувства. Од една страна ми е тешко што го напуштам клубот кој е во моето срце, а од друга страна, возбуден сум поради новиот предизвик во животот“ – напиша Нани на Инстаграм.

Нани за португалската репрезентација одигра 112 натпревари и со националниот тим ја освои титулата на ЕУРО 2006. За Манчестер Јунајтед потпиша во 2007 година, освои четири премиерлигашки титули и трофеј во Лигата на шампионите. На „Олд Трафорд“ мина осум години.

32 годишниот играч по Манчестер Јунајтед играше за Фенербахче, Валенсија и за Лацио, а во јули минатата година се врати во Спортинг.

Се вчитува...