Нани се врати во Европа, ќе игра во ист тим со репрезентативец на Македонија

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Нани, и на 36-годишна возраст не размислува да му каже збогум на фудбалот. Иако зад себе имаше неуспешна сезона во Австралија, ветеранот реши повторно да заигра во Европа, прифаќајќи ја понудата на турскиот прволигаш Аданаспор.

Станува збор за клуб во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Јован Манев, тим што лани имаше серија добри игри, а во новата сезона влегува со уште поголеми амбиции. За нов тренер минатиот месец беше ангажиран Патрик Клајверт, а токму на инсистирање на холандскиот стратег беше комплетиран трансферот на Нани. Ова всушност претставува камбек на Португалецот во турскиот шампионат, ако се знае дека Нани од 2015 до 2016 година со успех ги бранеше боите на Фенербахче, по што беше продаден во Валенсија.

Турските медиуми најавуваат уште еден сериозен трансфер на Адана, откако овој клуб влезе во завршна фаза од преговорите за ангажман на мексиканскиот голгетер Раул Хименез од редовите на Вулверхемптон.

Се вчитува...