Нант по голема борба успеа да триумфира на вечерашниот дуел против Аикс со минимални 25-24, со што екипата на Кире Лазаров ја забележа и четвртата победа во низа и се задржа на делба на второто место на табелата со 18 бода, рамо до рамо со Ним и со Монпелје.
Гостите изненадија со одлична игра во првото полувреме, на одмор заминаа со предност од 10-13, но Нант ја презеде контролата во вториот дел и направи целосен пресврт. Кире Лазаров немаше свој ден кога станува збор за реализацијата, постигна само два гола од осум обиди, но македонскиот капитен затоа асистираше при победничкиот гол што во последната минута го постигна Мин.
Во следното коло Лазаров и соиграчите ги очекува пеколно тешко гостување против поранешниот европски првак Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА