Ракометарите на Фуксе Берлин, кои се лидери на табелата во групата А во Лигата на шампионите, беа поразени на свој терен од тимот на Нант во последното 14-то коло од Лигата на шампионите. Но, овој пораз не влијаеше на конечниот исход на табелата, со оглед дека Германскиот тим и претходно го имаше обезбедено првото место на табелата.
На крајот Нант славеше со 34-37 во меч во кој „царуваше“ Бриет со 13 голови. Кај Фуксе најдобриот светски ракометар Гидсел постигна 11 голови.
Веспрем на домашен терен загуби од Алборг со 33-38, но на крајот данскиот тим остана на второто место на табелата. Арнолдсен со осум голови беше најефикасен кај гостите, додека кај Веспрем Циндриќ постигна седум.
Киелце ја продолжи серијата на победи во ЛШ, откако триумфираше на гостувањето кај Колштад со 26-27. Сицко и Каралек со по седум гола го предводеа полскиот тим, додека Јепсон кај Колштад беше најдобар со осум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

