Ракометарите на француски Нант му нанесоа срам на Спортинг сред Лисабон славејќи со 28-39 во натпревар од 4. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Французите одиграа фуриозно прво полувреме кое го добија со 11-23 и ги разрешија сите дилеми околу победникот. Ајуб Абди со 11 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Мартим Кошта постигна девет гола.
Во вториот натпревар од програмата од 20.45 часот во скандинавското дерби Алборг без проблеми славеше на гостувањето кај Колштад со 26-35. Томас Арнолдсен со осум гола беше прв стрелец во победничкиот табор, додека кај поразените Алберг и Лисе постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

