Нант го „расплака“ Лисабон и се чекираше за Келн

Најголемото изненадување сезонава во Лигата на шампионите, Спортинг Лисабон ја заврши својата историска сезона со елиминација во четвртфиналето.

Иако на хартија беа фаворити, сепак притисокот си го направи своето и во двомечот беа поразени од францускиот Нант. Откако првиот меч Французите го добија со еден гол разлика, тие вечерва беа подобри и во Лисабон (30-32).

Eјмерик Мин со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мартим Кошта постигна осум гола.

Се вчитува...