Ракометарите на францускиот Нант приредија вистинска сензација вечерва во Лигата на шампионите, откако во 5. коло од новата сезона славеа на гостувањето во Германија кај шампионот на оваа земја Магдебург со 28-32.
Првото полувреме и двете екипи одиграа еден атомски ракомет во кој за нијанса подобри беа домаќините (16-15). Сепак, во вториот дел Французите одиграа неверојатно во дефанзива и тоа беше и повеќе од доволно за конечен триумф од 28-32.
Aјмерик Мине со девет гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Инги Омар Магнусон постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА