Ракометарите на францускиот Нант стигнаа до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 2. коло славеа на домашен терен против полскиот Кјелце со 23-20.
Гостите поведоа со 0-1 и со 1-2 на самиот старт на натпреварот и тоа беше единствениот период во кој имаа предност. Домаќините заиграа далеку подобро во продолжение и веќе на половина од првиот дел имаа и плус пет (9-4). До крајот на првото полувреме гостите успеаја да намалат дел од предноста и на пауза да заминат со негатива од само 13-10.
Сепак, Нант одигра неверојатно во вторите триесет минути и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева на победата, па на крајот славеше со (23-20). Валеро Ривера со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените поранешниот вардарец Игор Карачиќ постигна пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА