Нант и Лазаров остануваат без ЛШ: Пораз од Монпелје во француската дерби пресметка

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров и Нант загубија можност за второто место во шампионатот на Франција кое носи место во Лигата на шампионите откако загубија од Монпелје со 26-25 (12-12) во дерби пресметката од 24. коло. Монпелје сега, на две кола до крајот на првенството, е со четири бода предност во однос на Нант.

Во крајно неизвесен натпревар двете екипи постојано се менуваат со минималната предност од еден гол. За да во самиот финиш Монпелје на пет минути до крајот влезе со предност од 24-23. Откако Нант не реализираше напад потоа следеше водство од 25-23 за домашните со што се приведе натпреварот до крајот со конечна победа за Монпелје. Лазаров единствено успеа да го постигне последниот гол за Нант на една минута пред крајот за конечни 26-25.

Кирил Лазаров мечот го заврши со четири гола од седум обиди, најмногу во својот тим. Во победничкиот тим предводеше Валентин Порте со пет погодоци.

По овој триумф Монпелје, на две кола до крајот, е на второто место со 39 бода, шест помалку за водечкиот ПСЖ. На третото место е Шамбери со 37 бода, а Нант остана на четвртата позиција со 35 бода.

Се вчитува...