Фудбалерите на Монако цврсто го држат правецот за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на „кнезовите“ со 2-1 го совлада Нант и се наоѓа на второто место на табелата со 70 бода, осум повеќе од Олимпик Марсеј, кој има и натпревар помалку.
Нант прв поведе на овој меч со голот на Томасон во 32.минута, но Монако одговори уште до крајот на првиот дел. Фалкао го израмни резултатот во 42.минута, а Рони Лопес само три минути подоцна постигна и втор гол за „кнезовите“. Тоа на крајот беше и конечен епилог на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА