Европскиот вицепрвак Нант го заокружи групниот сегмент во конкуренцијата Б од Лигата на шампионите со реми против Фленсбург (29-29) и остана на четвртата позиција на конечната табелата. Тимот на Кире Лазаров испушти триумф, со оглед дека Фленсбург стигна до реми со гол од седмерец постигнат по истекот на регуларниот тек од натпреварот.
Победата ќе значеше и пласман на третото место кое го задржа токму Фленсбург. Кире Лазаров на овој дуел постигна четири погодоци од девет обиди.
Нант во нокаут фазата ќе вкрсти со петтопласираниот тим од групата А, а во опција се Рајн Некар Левен или Киелце. Победникот од таа пресметка во четвртфиналето ќе се соочи со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА