Ракометарите на Нант се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеа над Висла Плоцк со 29-24 и сo тоа успеаја да ја анулираат негативата од првиот меч одигран пред седум дена (25-28).
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа плус девет 17-8. Во вториот дел малку недостигаше да направат од готово-вересија, но сепак на крајот славеа со доволни 29-24.
Во четвртфиналето Нант за противник ќе го има Спортинг Лисабон.
Магдебург само го потврди пласманот во четвртфиналето откако по победата во Букурешт минатата недела, вечерва славеа и на домашен терен против Динамо со 35-29. Во четвртфиналето Магдебург ќе се сретне со Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА