Ракометарите на Нант славеа со 28-27 над Спортинг, во првата битка за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите во Келн. Францускиот тим наиде на тврд орев, на силен противник кој до крај не се предаде, и сега се очекува уште понеизвесен и повозбудлив реванш во Лисабон.
Спортинг само трипати во првиот дел имаше предност од по еден гол, а откако Нант го презеде водството 6-5, не го испушти до крајот со исклучок на оние 23-23 на средината во вториот дел.
Домашните ракометари може да жалат затоа што на стартот од второт полувреме ги имаа највисоките +5 (15-10), но му дозволија на противникот да се доближи, и на крајот да замине само со еден гол негатива.
Мине со седум гола беше најдобар кај победничкиот тим. Кошта кај поразениот тим постигна осум, и воедно беше најефикасен ракометар на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА