Француски Нант запиша лесна победа од 24-34 на гостувањето против ППД Загреб во Лигата на шампионите.
Нант триумфот си го обезбеди во првото полувреме кое го доби со 8-20, и сето тоа само за рутински втор дел и убедлива победа.
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров запиша три гола за Нант, а најефикасен во победничкиот тим беше Бертран со шест погодоци. Буриќ со пет гола беше најдобар кај ППД Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА