По трите победи во серија, Кире Лазаров со Нант го запиша првиот пораз во францускиот шампионат. Нант на домашен терен беше поразен од Монпелје со 27-30. Македонскиот капитен беше со скромен учинок на овој дуел, постигна само два гола, еден од седмерец и еден од игра.
Домашниот тим на одмор замина со еден гол предност (15-14), но во второто полувреме беше комплетно во инфериорна позиција. Невообичаено лош ден имаа голманите на Нант, со само седум одбрани. Само две одбрани имаше првиот голман на Нант, Сирил Думулин, а пет одбрани запиша Арно Сифер.
Следен предизвик за Нант е дуелот со Барселона на 7 октомври во Лигата на шампионите што ќе биде и прва пресметка на Лазаров со својот поранешен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА