Кире Лазаров со Нант загуби од Монпелје со 27-31 во првиот натпревар на Европскиот турнир во Стразбур на кој настапува и макеоднскиот шампион Вардар.
Ова беше првата меѓусебна пресметка на двата француски тима после финалето на Ф4 турнирот во Келн, во која Монпелје одново беше поуспешен и со победа тргна во одбрана на титулата во Стразбур.
Нант беше рамноправен противник во првото полувреме кое заврши нерешено (15-15) и во првите десетина минути од вториот дел. Но, Монпелје потоа го засили притисокот, успеа да се одлепи и ја задржа предноста до крај.
Во првиот натпревар на турнирот во Стразбур, францускиот шампион ПСЖ предводен под водство на Раул Гонзалес го победи Мешков Брест со 35-29. Утре е дуѕелот меѓу ПСЖ и Вардар и првата пресметка на шпанскиот тренер против „црвено-зрните“ кои ги предводеше во изминатите четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА