Ракометарите на францускиот Нант славеа со 33-34 на гостувањето кај ГОГ Гудме во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Данците одиграа фуриозно во првото полувреме во кое го погодуваа голот на противникот од секоја позиција, па сето тоа резултираше со предност од три гола на полувреме 19-16. Во вториот дел Французите одиграа неверојатно и успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до триумф од 33-34.
Турна и Бос со по седум гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 11 гола на Фредерик Бјере.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

