Ракометарите на Нант се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако и на реваншот го совладаа тимот на Гог убедливо со 40-28. По првиот меч францускиот тим славеше со 34-33.
Дека работата ќе оди кон победа на домашниот тим покажа првиот дел, кој го добија домашните со 21-12. Вториот дел беше само формалност, но и тој француските ракометари го добија, за на крај да слават убедлив триумф.
Ривера со девет гола беше најефикасен кај Нант, додека Турна постигна шест. Вихелмсен кај гостите беше стрелец на шест голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

