Наоми Осака стигна до својата втора титула на Австралија опен и вкупно четвртта гранд-слам во кариерата, откако во финалето на турнирот во Мелбурн славеше над Американката, Џенифер Брејди со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.
Јапонката за нешто повеќе од еден час успеа да го реши финалето, кое беше интересно само до резултат 4-4 во првиот сет. Осака со два врзани гема успеа да го освои првиот сет, а во вториот на убедлив начин да стигне до четвртиот грандслам во кариерата.
Таа претходно славеше во Мелбурн во 2019 година, како и на УС опен во 2018 и 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

