Тенисерката број еден во светот, Наоми Осака ќе работи со Џермејн Џенкинс во следниот период од кариерата. Поранешниот спаринг партнер на Серена Вилијамс ќе и биде нов тренер на Јапонката на местото на Саша Бајин. Осака се раздели од тренерот со кој направи огормен успех и ја изненади комплетната тениска јавност.
Минатата година Осака имаше огормен скок во кариерата, таа беше под 70. место на ВТА листата, но потоа го освои УС Опен, а на почетокот од оваа година триумфираше на грен-слемот во Австралија и го презеде врвот на светскиот поредок.
Had a great dinner with the team ❤ also taking this moment to thank Jermaine for joining us and coming on board lol ?? pic.twitter.com/OBpl5R7L2j
— NaomiOsaka大坂なおみ (@Naomi_Osaka_) February 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА