Наоми Осака и Џенифер Брејди во финалето на Австралија опен

Наоми Осака и Џенифер Брејди ќе играат во финалето на Австралија опен.

Осака без поголеми проблеми во полуфиналето славеше со 6-3, 6-4 против Серена Вилијамс, закажувајќи ново грандслем финале.

Многу поинтересно беше во вториот полуфинален натпревар. Одличен тенис демонстрираа Американката Џенифер Брејди и Каролина Мухова од Чешка.

Брејди, која беше фавори, го доби првиот сет со 6-3, Мухова го доби вториот со 4-6, за да Американката повторно одлучувачкиот сет го добие со 6-3.

Финалето во женска конкуренција на програмата е во сабота во утринските часови по македонско време.

Се вчитува...