Наоми Осака првпат во гренслем полуфинале, се пласираше меѓу најдобрите четири на УС Опен

Јапоската тенисерка, Наоми Осака, го направи најголемиот успех во кариерата со пласманот во полуфиналето на УС Опен откако забележа лесна и убедлива четвртфинална победа над Украинката Лесиа Цуренко. Осака славеше  со 2-0 во сетови дозволувајќи и  на противничката само по еден гем во секој од сетовите. За триумфот и требаа само 58 минути.

Осака е првата Јапонка што обезбедила пласман во полуфинале на гренслем турнир по Кимико Дате во 1996 година.

Дваесетгодишната Осака во полуфиналето ќесе сретне со победничката од последниот четвртфинален меч меѓу Карла Суарез Наваро и ланската финалистка Медисон Кис.

Во другото полуфинале ќе играат Серена Вилијамс и Анастасија Севастова.

 

Се вчитува...