Нападната и ограбена мајката на Ник Кирјос: Австралиецот веднаш ги презел нештата во свои раце

Контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос, повторно е во центарот на вниманието но овој пат за нешто за кое апсолутно не е самиот виновен.

Мајката на Кирјос била жртва на напад и грабеж, во инцидент во главниот град на Австралија, Канбера. Според австралиските медиуми, ограбувачот и вперил пиштол на мајката на тенисерот и и ги побарал клучевите од луксузната Тесла која била паркирана во близина. Мајката на Ник не противејќи се го послушала напаѓачот, а по неговото бегство веднаш го известила својот син.

Кирјос, ја активирал технологијата вградена во автомобилот за да ја следи неговата локација и така и ја кажал на полицијата локацијата на неговиот автомобил, кој ограбувачот го запрел во близина на локално училиште. Полицијата интервенирала и при апсењето пружал и отпор поради што ограбувачот се здобил со повреди, па е пренесен и во болница.

Токму, поради брзата интервенција на Кирјос, возилото по само половина час било вратено назад кај неговата мајка.

Се вчитува...