Еден од најпознатите европски кошаркарски судии, Луиџи Ламоника, заврши во болница откако беше нападнат во Атина со двајцата колеги со кои заедно го судеа дуелот меѓу Панатинаикос и Барселона.
Инцидентот се случил на пет километри од саката во Атина, откако мотор со две лица на него го пресекол патот на таксито со кое судиите се возеле кон својот хотел. Притоа, напаѓачите го скршиле задниот прозор од таксито, повредувајќи го Ламоника. Целата случка траела дваестина секунди, потоа напаѓачите побегнале во непознат правел, а таксито веднаш се упатило кон најблиската болница, каде на италијанскиот арбитар му била укажана прва помош.
Неговата состојба не била сериозна, па по укажаната помош Ламоника се упатил кон хотелот каде престојувал, придружуван од грчката полиција.
Панатинаикос претрпе пораз од 81-92, а домашните кошаркари беа бесни на арбитражата во последната четвртина, што Барса ја доби со 12-25 и на тој начин стигна до голема победа во грчката метропола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА