Напаѓач на Келн е замената за Халер во Борусија Д.

Францускиот напаѓач Ентони Модесте, денеска ќе биде нов член на Борусија Дортмунд. 34-годишниот голгтер доаѓа во Борусија од редовите на Келн и ќе потпише договор на една година.

Модесте има големо искуство со играње во Германија, откако од 2013 до 2015 беше бо Хофенхајм, а потоа следните две години во Келн. Во 2018 година повотрно се враќа во Келн и минува три години. Ланската сезона ја мина на позајмица во Сент Етјен.

Модесте во минатото беше дел и од Бордо, Ница, Анже и Блекбурн. Тој ќе треба да го замени Себастијан Халер кого го чека долга пауза поради дијагностициран канцер на тестиси. Правеше операција, а сега ќе следува и лечење со хемотерапија.

Се вчитува...