Напаѓачот на Германија му скршил рака на навивач

Германската фудбалска репрезентација на убиствен начин го започна Европското првенство каде со 5:1 ја совлада селекцијата на Шкотска. Германците беа без милост кон противникот, но на тој меч настрада еден навивач на „панцирите“.

Станува збор за извесен Каи Флетман,  кој бил погоден во рака со топка која ја испратил Николас Филкруг со брзина од 110 километри на час, која била скршена по ударот на топката.

Тоа се случи на загревањето пред почетокот на натпреварот, па овој навивач го пропушти првиот собир на репрезентацијата на ЕУРО и величествената победа од 5:1.

Се вчитува...