Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид е еден од најбараните играчи за следното лето. На канадскиот голгетер му истекува договорот и може да го потпише секој клуб без обесштетување. Сега тој навести каде би сакал да ја продолжи кариерата.
Дејвид е еден од најбараните напаѓачи во моментов. За него има интерес од Англија, Германија, Шпанија, Италија, а тој кажа дека негова желба е Премиерлигата.
„Би се прилагодил на било која средина. Секоја лига има свои разлики, свои предности и недостатоци. Премиерлигата е побрза од другите. Јас пораснав гледајќи ја Ла Лига. Не сакам да кажам дека тоа е најпосакуваната лига, но еден ден би сакал да играм таму“, изјави Дејвид.
Оваа сезона има 23 гола и 10 асистенции во 41 меч за Лил во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА