Напаѓачот на Озил и Колашинац доби 10 години казна затвор

Напаѓачот на Месут Озил и Асмир Колашинац, Ешли Смит до десет години затворска казна за обид за грабеж. Тој во јули месец годинава заедно со Џордан Бортховер ги нападнаа фудбалерите на Арсенал, Озил и Колашинац и се обидоа да им ги украдат часовниците во вредност од 200.000 фунти.

Сепак двоецот не ја очекуваше храброста на фудбалерот од Босна и Херцеговина кој им возврати и не дозволи тој и неговиот соиграч да бидат ограбени. Казната за Бортховер дополнително ќе биде донесена, но се очекува да биде слична како таа на Смит.

 

Се вчитува...