Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз ќе ја промени репрезентацијата и ќе настапува за Мароко, откриваат шпанските медиуми. Тој се откажува од репрезентативниот дрес на Шпанија и во иднина на теренот ќе се бори а африканската држава.
Правилата на ФИФА дозволуваат Дијаз да направи промена со оглед на тоа што досега има забележано само еден настап за Шпанија и тоа во пријателскиот натпревар против Литванија во 2021 година. Тој викендов и официјално ги известил сите страни за одлуката и се очекува во најскоро време да дебитира за мароканскиот национален тим.
Дијаз во минатото беше дел од младинската академија на Малага и Манчестер Сити, а има забележано и 15 настапи за сениорскиот тим на „граѓаните“. Покрај во Премиерлигата тој настапуваше и во Серија А за Милан како позајмен играч од Реал Мадрид каде се врати оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

