Напаѓачот на Рома ја заврши сезоната

Еван Фергусон, напаѓачот на Рома кој е на позајмица од Брајтон, ќе мора да оди на операција, и за него сезоната е завршена. Исто така тој се чини го заврши и престојот во Рим, со оглед дека „волчицата“ нема намера да го откупи договорот на крајот на сезоната.

21-годишниот голгетер постигна пет гола во 22 настапи во Серија „А“, но неговата сезона беше со повреди. Особено оваа последната, повредата на зглобот, е проблематична, и операцијата е единствен избор.

Покрај тоа што оваа сезона е завршена, е јасно дека нема да игра во баражот за Мундијалот за Република Ирска. Токму Ирците се можен ривал за Македонија во евентуалното финале, доколку тие ја победат Чешка, а нашата репрезентација ја совлада Данска.

Се вчитува...