Напаѓачот на Зенит, Кокорин со столица нападнал висок руски функционер, му се заканува и затвор од пет години!… (ВИДЕО)

Рускиот репрезентативец Александар Кокорин е во центарот на вниманието на спортската јавност по обвинението за напад на висок руски функционер. Во целиот напад е вклучен и фудбалерот на Краснодар, Павел Мамаев па и на двајцата им се заканува жестока затворска казна.

Кокорин, кој е член на Зенит, беше дел и од националниот тим на Светското првенство 2018 во Русија. За време на репрезентативната пауза вчера се одлучи да дојде во Москва каде заедно со Мамаев во една кафана во главниот град на Русија приредија вистински хаос со нападот на рускиот функционер.

Според пишувањата на руските медиуми, Кокорин поради политика почнал расправа со функционерот кој седел на маса до нив, а потоа губејќи ги нервите го нападнал со столица. Во сето тоа се вклучил и Мамаев задавајќи неколку удари. Но, и двајцата, сигурно не очекувале дека сето тоа ќе биде забележано од безбедносните камери.

Московската полиција веднаш пристигнала во кафаната, па според последните информации случајот се расветлува. Според првите информации на Кокорин му се заканува затворска казна и од пет години, затоа што во Русија тешко се простуваат напади на официјални државни лица. Вработените во кафаната изјавија дека и двајцата фудбалери биле под дејство на алкохол, што сигурно дополнително за нив ќе ја влоши целата ситуација….

Се вчитува...