Јувентус пред неколку дена доживеа дебакл во Лигата на шампионите, а тоа е само доказ колку влијаело на атмосферата на екипата која не е најдобра. Јувентус веќе со децении сонува за освојување на пехарот во најелитното европско натпреварување, но од 1996 година никако да дојде до него, иако од тогаш играше во четири финалиња.
За „Бјанконерите“ сега остана борбата за Купот на Италија каде што се во полуфиналето, додека имаат шанси и за Скудетото, но тие се минимални.
Според тврдењата на „Газета дело спорт“, Квадрадо и Дибала од тренерот Масимилијано Алегри барале да ги намали тренинзите.
Тоа наводно го разлутило Алегри кој жестоко му се обратил на Дибала: „Од сите играчи, Паоло, ти поставуваш такво барање?“.
Дибала минува низ тежок период. Договорот му истекува на крајот од сезоната, а засега не се добива впечаток дека ќе остане во тимот од Торино. Има проблем со минутажата, а голем дел беше и повреден.
Средбата со Вилјареал покажа дека на Јувентус му треба „ремонт“ летоска. Веќе е извесно дека ќе ја засилат дефанзивата со Антонио Ридигер од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА