Симоне Скуфет е нов голман на Наполи. Наполитанскиот клуб го објави потписот на голманот на Каљари на позајмица до крајот на сезоната.
Во спротивна насока тргна голманот Елија Каприле. Црвено-сините го изнајмија 23-годишниот играч со опција за откуп.
Во тековната сезона во Серија А, 28-годишниот Скуфет одигра 13 натпревари и примено 23 гола. Скуфет треба да биде резервна опција за Мерет, кој засега е неприкосновен меѓу диреците на конкурентот за титулата во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА