Наполи без клучен играч до крајот на сезоната

Наполи заостанува два бода зад Милан, Јувентус и Аталанта во трката за пласман во ЛШ, а проблем плус за тренерот Гатузо претставува повредата на Калиду Кулибали.

Сенегалскиот интернационалец се повреди пред крајот на дуелот со Калјари, а според првичните информации тој ќе паузира најмалку две седмици од терените. Ова значи дека Гатузо нема да може да смета на својот најдобар дефанзивец на преостанатите средби со Специја, Удинезе и Фиорентина, а минимални се шансите Кулибали да се врати во тимот на „наполитанците“ за мечот од последното коло против Верона.

Овој 29-годишен дефанзивец сезонава настапи на 26 средби за „наполитанците“, а лесно може да се случи повеќе да не го носи дресот на овој клуб по новите најави дека би можел да биде продаден од претседателот Де Лаурентис.

Се вчитува...