Наполи блиску до договор со фудбалер на Милан

Играчот на Милан, Јунус Муса во идната сезона ќе игра во Наполи. Италијанскиот првак е блиску до потпис на 22-годишниот играч од средниот ред. Трансферот би требало да чини 25 милиони евра.

Преговорите наводно се во напредна фаза, а Наполи веќе постигнал прелиминарен договор. Ова е уште еден сериозен удар за Милан, кој ќе го загуби и Тијани Рејндерс кој заминува во Манчестер Сити.

Муса одигра 29 меча во Серија „А“ минатата сезона, и запиша 2 асистенции. Американскиот репрезентативец во минатото беше дел од Валенсија, а исто така беше дел и од Арсенал, каде играше за младинските категории.

Се вчитува...