Наполи чека продажба на Осимен за да го потпише Нуњез

Наполи има план да ги продолжи преговорите со Ливерпул за Дарвин Нуњез, но најпрво ќе треба да го продаде Виктор Осимен. Нигериецот е пред перманентен трансфер во Галатасарај, но турскиот тим сака да ги исплати парите на пет рати, па италијанскиот првак и натаму размислува.

Со тоа одново се актуелизира интересот на Конте за Нуњез, кој е на излезна врата од Ливерпул, и веројатно трансферот ќе се случи многу брзо.

Уругваецот заминува од Ливерпул после три години, откако дојде од Бенфика за сума од 75 милиони евра плус 25 во бонуси. Сепак, тој не ги оправда тие пари, а сега ќе може да замине за некој милион помалку од она кое „црвените“ го платија пред три години.

Се вчитува...