Екипата на Наполи со минимални 0-1 триумфираше на гостувањето кај Каљари, и ја продолжи битката за второто место на табелата. Стрелец на голот беше Скот Мектоминеј уште во 2. минута, а потоа стравуваше до крајот за трите бода.
Во вториот дел Политано имаше шанси и еден на еден, но Каприле успеа да одбрани. Каљари имаше неколку полушанси во финишот за израмнување, но недостасуваше реализација.
Елиф Елмас остана на клупата цел натпревар и не доби шанса пред собирот на репрезентацијата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

