Оваа сезона Наполи игра фантастично, а една од причините е и грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија. Грузиецот „блеска“ откако направи трансфер во Неапол, а големите веќе почнаа да се распрашуваат за неговите услуги.
На 12 меча во дресот на Наполи постигна шест гола, но со неговата игра секаде добива аплаузи. Неодамна Грузиецот призна дека желба му е да го облече дресот на Реал Мадрид, и голема е веројатноста желбата да му биде исполнета.
Но, засега Ливерпул, Челси и Сити искажуваат интерес, и веќе пратиле скаути да го следат неговиот настап. Во меѓувреме Наполи веќе ја одреди цената за неговите услуги. Станува збор за 100 милиони евра кои италијанскиот тим ќе ги побара при евентуален интерес од некои од големите клубови.
За потсетување дека за 10 пати помалку (10 милиони евра), Кварацхелија летоска дојде во Наполи од Динамо Батуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА