Наполи се засили со бразилски репрезентативец на крилната позиција

Досегашниот играч на Бенфика, Давид Нереш и официјално стана дел од Наполи. 27-годишниот бразилски репрезентативец ќе ја засили екипата на Антонио Конте, која имаше катастрофален старт на сезоната во Серија „А“.

Нереш во минатото беше дел од Ајакс, а во јануари 2022 година потпиша за Шахтјор, меѓутоа поради почеток на војната во оваа земја, го напушти клубот и се пресели во Бенфика.

За Бразил Нереш има одиграно седум натпревари.

 

Се вчитува...