Наполи доби вистинска лекција од Верона во 19. коло од Серија А. Верона триумфираше со 3-1 против „наполитанците“ во натпревар во кој Елиф Елмас ги одигра последните минути од мечот влегувајќи во игра во 83. минута на местото на Зјелински.
А, Наполи поведе уште во 1. минута со голот на Лозано.
Hellas Verona 0-1 Napoli – Hirving Lozano goal ?pic.twitter.com/D7Z86DnoMh
— ???? ????? (@Fastgoal2) January 24, 2021
Сепак, домашните во продолжението со три гола дојдоа до сосема заслужена победа.
Џенова триумфираше против Каљари со 1-0, со погодокот на Дестро уште во 10. минута. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во 62. минута, токму на местото на стрелецот Дестро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

