Анчелоти му кажа ДА на Наполи

Одлуката е донесена, Наполи ја прекинува соработката со Маурицио Сари, а на негово место ќе дојде тренер од највисока класа. Станува збор за Карло Анчелоти, стратегот со бројни трофеи во својата колекција од кого ќе се очекува конечно да добие една трка за скудето, во која за главен ривал ќе го има својот поранешен клуб Јувентус.

Анчелоти беше поврзуван со италијанската репрезентација и со Арсенал, но откако зеде неколку месеци одмор по заминувањето од Баерн тој е подготвен за камбек во „Серија А“, и тоа на клупата на Наполи.

Италијанските медиуми објавија дека вечерва дошло до средба меѓу овој стручњак и претседателот Аурелио де Лаурентис. Првиот човек на Наполи ги оставил директорите Кјавели и Џунтоли, да ги водат првите разговори, но денеска самиот се појавил на средбата во Рим за да ги финализира деталите. И Де Лаурентис и Анчелоти биле задоволни од договореното, па сега останува само да се прекине соработката со Сари, пред „Дон Карло“ да биде промовиран во нов стратег на „наполитанците“.

Се вчитува...